ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: „На 9 мај ќе бидеме главен одлучувачки фактор за иднината на Македонија“

Таравари: „На 9 мај ќе бидеме главен одлучувачки фактор за иднината на Македонија“

Претседателот на Алијанса за Албанците вечерва од Куманово порача дека промените на политичката сцена после 20 години се почнати. Во следните денови очекува уште повеќе членови и симпатизери на Алијанса да се приклучуваат на идејата за заеднички настап на изборите со албанската опозиција.
Тој зборуваше дури и за формирањето на Владата после изборите за што уште отсега имаше што да порача.
Им се обрати и на оние во АА кои изминативе денови поведоа хајка против неговата идеја за соработка со опозицијата:
„Тие мислат различно од нас. Тие мислат дека промени се прават со ДУИ. Ние мислиме дека промените се прават преку Алијанса за Албанците и со некои други албански партии. Промените доаѓаат на 8 мај, на изборите ќе прославиме, а на 9 мај верувам дека ние ќе бидеме главен одлучувачки фактор за иднината на Македонија. Бездруго дека ќе се држиме до проевропскиот пат, тоа е несомнено. Со целосна одговорност велиме дека нема да станеме дел од влада која не би ги направила уставните измени и која не прифаќа почеток на преговорите со ЕУ. Верувајте, ве уверувам дека Алијанса за Албанците во моментот кога ќе ја победи ДУИ, во 2025 ќе биде прва партија на Албанците во Македонија.“
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button