Таравари: На изборите одиме со посебни советнички листи и од тоа нема враќање

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата. Од тоа нема враќање назад. За се друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, изјави денеска (29 април) министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците.
Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека има редовна комуникација со премиерот Христијан Мицкоски и дека откако тој ќе се врати од службеното патување, ќе разговараат.
„Штом ќе се врати премиерот од пат, ќе се видиме и ќе разговараме, инаку имаме редовна комуникација. Тоа што го кажал господинот Николоски, сите ги слушам, меѓутоа ние сме автономна партија, одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сето друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, рече Таравари.