ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Таравари не го информирале за недостиг на лекови на онкологија

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Гостивар изјави дека нема информација за недостиг на лекови во медицинските установи, ниту во оноколошката клиника. На утринскиот брифинг, како што потенцира, не бил пријавен проблем.
– Јас моментално немам информација дека има недостаток на некаков лек на онкологија, генерално ги имаме сите лекови. Инсулин, два дена недостасуваше, меѓутоа потпишавме анекс со компанијата што снабдува и тоа е решено. Во моментов, јас колку што знам, немаше проблем и колку што сум информиран на утринскиот брифинг со тимот кој го имавме во МЗ, немаше ваков проблем, изјави министерот Таравари.