ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: Не се точни имињата за министри кои се споменуваат во јавноста

Таравари: Не се точни имињата за министри кои се споменуваат во јавноста

Не се точни имињата кои се споменуваат во јавноста  како министри од  Алијанса за Албанците вели првиот човек на оваа партија Арбен Таравари. Тој и натаму тврди дека се уште нема покана од премиерот и дека за ова прашање ќе треба да се формира преговарачка група во партијата.

Advertisements

„Кога ќе ги започнеме преговорите ќе ве информираме. Ако почнеме… Во моментов нема такво нешто. Знам дека има шпекулации на портали, во медиуми, ние сме тема на разговор,  тоа е добро за Алијанса за Албанците кога зборуваат за нас, но нема ништо конкретно. Знам дека има и седум-осум министри кои се спомнуваат како министри на АА, но со целосна одговорност велам дека ништо не е точно“, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците.

Ниту премиерот Ковачевски, ниту лидерот на АА Таравари не ги отфрлија гласините за евентуално проширување на мнозинството. Сепак, велат дека средбата одржана пред извесно време била за евроинтеграциите и за борбата против криминалот и корупцијата.

Помалите коалициски партнери не се задоволни од идејата за проширување на мнозинството. Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов рече дека мнозинството е стабилно со 64 пратеници и дека со вклучување на друга албанска партија се нарушува правичната етничка застапеност.

Иако во јавноста со недели се зборува дека се преговара за поделба на ресори меѓу коалициските партнери со Алијанса за Албанците, но гласините беа демантирани од сите инволвирани страни./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button