ВЕСТИЗДРАВСТВО

Таравари не смета дека лекарите кои направиле отстапки кај бебето што почина треба да бидат отпуштени

Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека лекарите кои направиле медицински пропусти во случајот со смртта на 14-месечното бебе, не треба да бидат ригорозно казнети и отстранети од работните места. Според него, на Лекарската комора и било предложено да им бидат одземат привремено лиценци за работа.

Advertisements

„Лекарската комора доби инструкции од Министерството за здравство за постапување во врска со извештајот од надзорот на клиниката за детски болести и клиниката за детски респираторни болести – Козле. Неопходно е упатството да го испитаат надлежните органи и органи на Комората, по што ќе се одлучи што ќе се прави“, велат од Лекарската комора.

Пред една недела директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди ги суспендираше од работа двајцата лекари специјалисти до конечна одлука на дисциплинската комисија. Лекарите кои биле дежурни на 3 октомври го прегледале бебето но и покрај тешката здравствена состојба не го примило во болница, туку го пуштиле на домашно лекување.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button