МАКЕДОНИЈА

Таравари: Оптимист сум, сметам дека наредната 2025 година ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ

Министерот за здравство Арбен Таравари е оптимист дека државата ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија, за што очекува поддршка од опозицијата бидејќи, како што нагласи, владејачкото мнозинство е проевропски ориентирано.

Advertisements

„Јас сум оптимист дека ќе имаме меѓусебна соработка и знам дека владејачкото мнозинство е проевропски ориентирано. Тоа ме уверува дека наскоро ќе се отпочне со евроинтеграциските процеси“, изјави Таравари одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Општата болница во Гостивар.

Таравари изрази уверување дека сите албански партии ги поддржуваат уставните измени и оти никој од нив не би гласал против.

„Ако некој гласа против, тогаш тоа ќе биде парадокс. Г. Ахмети од 2002 година ги најавува тие преговори со ЕУ повеќе од две децении. Дури го опишуваше како летање со авион и дека тој лет е неизвесен. Сепак сметам дека наредната 2025 година ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ“, рече Таравари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button