ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: Пет пациенти се во критична состојба

Таравари: Пет пациенти се во критична состојба

5 пациенти кои се лекуваат во странство и понатаму се во критична а останатите 100 се во стабилна состојба. Во стабилна состојба се и пациентите хоспитализирани во клиниките низ земјава, а според министерот за здравство Арбен Таравари утре се очекува да бидат пуштени на домашна нега уште 9 пациенти кои се лекуваат овде. Во среда и четврток се очекува да пристигнат првите пациенти кои се враќаат од странство. За нив е подготвен протокол за прием.

Advertisements

„Веќе почнавме да зборуваме за враќање на пациентите и подготвивме протоколи кои ќе бидат испратени до МНР, да се испратат во земјите каде што закрепнуваат нашите пациенти, да се подготвиме за враќање на овие пациенти. 5 пациенти и понатаму се во покритична состојба, но сè почесто добиваме вести дека се стабилизираат и дека здравствената состојба на повеќето пациенти е добра и надвор од животна опасност“,рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Таравари говореше за ризиците од инфекции како еден од предизвиците со кои ќе се соочат овие пациенти во наредниот период, нагласувајќи дека ќе се направат сите неопходни напори за да се спречат компликации. Тој рече дека возилата и собите за пациенти ќе бидат стерилизирани.

„Постојат специјални тимови кои ќе ги примат нашите пациенти. Тоа се тимови кои се подготвени со специјални возила да ги примат од аеродроми, нормално од соседните земји, и може да се транспортираат со специјални возила и да се сместат во клиниките во Скопје, каде што ќе се врши тријажа , да ја надминеме оваа фаза како и првата фаза што ја поминавме без компликации. Треба да има стерилизација на возилата во кои ќе се превезуваат пациентите и стерилизација на просториите каде што ќе бидат сместени и ќе ги поминат пациентите, освен оние кои ќе продолжат со лекување во домашни услови каде што сметам дека нема потреба од посебни услови”, нагласи Арбен Таравари, министер за здравство.

На клиниките во земјава моментално се лекуваат 55 пациенти. Во клиничкиот центар има 27 пациенти, во болницата „8 Септември“ 10, во клиниката „Свети Наум Охридски“ 10 а во приватните клиники 8 пациенти./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button