Таравари: Потегот на ДУИ е несериозен во важен период за државата

Претседателот на Алијанса, Арбен Тараври, одлуката на ДУИ за повлекување од Владата под услов ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните амандмани, ја смета за несериозна. Тој рече дека ДУИ ова го прави претежно за ПР. Според Таравари, понудата на лидерот на ДУИ Али Ахмети и Алијанса за Албанците да ги подготви оставките, не вреди ни да се разгледува, иако во Алијанса, според него, одлуките ги носат партиските органи.
„Ова се многу несериозни постапки во период кој е многу важен за Република Македонија и мислам дека г. Али Ахли може да зборува само за ДУИ. Тој ја повика Алијансата за Албанците, но Алијанса за Албанците е автономна партија која своите одлуки ги носи главно со консултации со базата, партиската структура и потоа одлучуваат органите на Алијанса. Мислам дека е несериозно ни да се анализира овој предлог на Али Ахмети бидејќи од далеку се гледа дека тој не е сериозен, тоа е само за ПР што на крајот е и нивно право како политичка партија“, рече Таравари.