Таравари предлогот на Села уставните одлуки да ги одобрува бадентер го смета за фрлање пепел во очи
Таравари предлогот на Села уставните одлуки да ги одобрува бадентер го смета за фрлање пепел во очи

Арбен Таравари од ВЛЕН го нарекува „продавања магла“ предлогот на Зијадин Села од Европскиот фронт, Уставниот суд да одобрува одлуки со бадентер или двојно гласање за да се избегне прегласување по етничка основа.
„Јас, господине Села и господине Ахмети, не разбирам зошто сега ви текна дека треба да има бадентер во Уставниот суд. Господинот Села, како близок пријател на господинот Ахмети, имаа апсолутна, локална и централна власт веќе 22 години. Зошто не донесоа закон уредно за албанскиот јазик? Зошто не го донесоа да се гласа во Уставен суд? Сега ви текна? Да ви дадеме уште 22 години да направите такво нешто? Зошто не го направија тоа до сега? Значи, продавањето магли и филозофија е многу лесно. Имаа моќ и не направија ништо“, рече Арбен Таравари, претседател на АА.
Демократската Унија за Интеграција преку соопштение реагираше на одлуката на Уставниот суд за „Балансерот“. Нагласуваат дека со одлуката директно се прекршуваат клучните одредби од Уставот и се загрозуваат темелите на нашето мултиетничко општество.
„Со оваа одлука се нарушува правичната застапеност на Албанците во државните институции, односно нема повеќе работа за Албанците. Поради тоа, ДУИ апелира за итно преиспитување на оваа одлука, со цел да се заштити интегритетот на уставниот поредок и да се обезбеди принципот на правична и соодветна застапеност да остане ефективен и применлив во практика“, велат од ДУИ.
За прашањето за балансерот денеска зборуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека не ги коментира одлуките на Уставниот суд, туку го поддржува принципот вработувањето и напредувањето да се врши по меритократија.
Укинувањето на балансерот е предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ. Основната цел на овој инструмент врз основа на Охридскиот договор и Уставот е да се спречи етничката дискриминација при вработување./Алсат.мк
Суад Бајрами