ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари треба да даде појаснување пред Мицкоски за горливото прашање дали ќе соработува со ДУИ на локалните избори

Таравари треба да даде појаснување пред Мицкоски за горливото прашање дали ќе соработува со ДУИ на локалните избори

Арбен Таравари е „потпрен на ѕид“. На денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски, тој треба да одговори на прашањето, чија сенка го следи во текот на целиот овој период, односно дали е вистина дека постои договор со ДУИ да се поддржуваат меѓусебно на локалните избори или не? Одговорот ќе ја одреди политичката судбина на Таравари откако премиерот Мицкоски пресече „или со ДУИ или со Владата“.
Останува да се види дали премиерот ќе го постигне она што ВЛЕН не можеше да го постигне, што всушност беше главната причина што го одвои Таравари од коалицијата.

Advertisements

Во пресметките и математиките за локалните избори, Таравари сè уште не ја исклучил ДУИ како опција за соработка. Тој првично ги нарече контактите со Ахмети „комуникациски канали“, „клеветејќи (дамкосувајќи)“ дека и другите партии на ВЛЕН имаат такви контакти, но тоа го негираа Изет Меџити, Билал Касами и Зеќирја Ибрахими. Лидерите на ВЛЕН неколку пати го предупредија Таравари да ги прекине разговорите со ДУИ, но Таравари ги игнорираше таквите повици.

Тој постојано негираше дека соработувал со Ахмети, но на крајот призна дека имал телефонски разговор во деновите кога Алијанса за Албанците требаше да одлучи за форматот на учество на претстојните локални избори.

Преговорните групи меѓу АА и ВЛЕН, чиј состав Таравари го менуваше неколку пати, не успеаја да најдат решение. Одлуката на раководството на АА, по која лидерите на ВЛЕН одлучија да преземат конкретни чекори кон спојување на партиите во еден единствен субјект.

Неговиот поранешен соработник Зијадин Села, исто така, зборуваше за линиите на комуникација на Таравари, со кого, иронично, Алијанса за Албанците се подели на два дела токму затоа што Села одлучи да соработува со ДУИ на последните парламентарни избори. Според него, Таравари не само што разговарал по телефон со Ахмети, туку дури и одржал 2-3 состаноци, за кои Ахмети лично го информирал како партнер што го има во Европскиот фронт.

Ова, всушност, ќе биде и тема на денешниот разговор со Мицкоски, за што Таравари изјави дека ќе бидат разјаснети неколку прашања што премиерот ги смета за нејасни. Откако го напушти Влен, Таравари го промовираше новиот слоган „Прво Алијанса, сојузници насекаде со Албанците, насекаде први“./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button