Таравари : Црна листа од САД со сите корумпирани актери
Таравари : Црна листа од САД со сите корумпирани актери

Алијансата за Албанците жестоко реагираше на одлуката на Апелација случајот „Таргет-тврдина“ да се врати на повторно судење. Правосудниот систем веќе е во агонија, а државата капитулираше пред криминалот и корупцијата. Враќањето на почеток на случајот на Мијалков за масовно следење на граѓаните е најдобар доказ за тоа, рече в.д. претседателот на Алијанса, Арбен Таравари.
„Образложението дека се направени пропусти во првостепената одлука, само ја докажува мрежата на организиран криминал во правосудството, каде основните судови намерно прават пропусти за да му дадат алиби на апелациониот суд да ги поништи одлуките. Ова го овозможува заробеното судство од владејачките партии кои се криминализирани до срж. Во Северна Македонија повеќе нема правна сигурност и независно судство. Институциите на чело со претседателот на државата дезертираа од борбата против корупцијата и јавно кажуваат дека немаме капацитет за ветинг. Единствената надеж е САД да започнат некаква шок терапија, со ставањето на американската црна листа и отстранување од сцената на корумпираните актери од политиката и правосудниот систем“, рече Арбен Таравари, в.д претседател на Алијансата за Албанците./Alsat.mk