ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари ветува ресетирање на здравството

Таравари ветува ресетирање на здравството

Министерот за здравство Арбен Таравари на почетокот на мандатот даде низа ветувања. Од следната година Таравари планира да ги укине приватните специјализации, а во консултација со челниците на Медицинскиот факултет, најави дека ќе креираат стратегии одредени специјализации да бидат стопирани. Исто така, министерот Таравари рече дека ќе ги мотивираат младите лекари да продолжат да специјализираат во дефицитарни насоки, како што се анестезиологија, патологија, радиологија и други.
„Никаде во светот нема приватни специјализации. Сметам дека треба да се договориме, да  слушнеме  што бараат и  да им дадеме работни прешенија, и од следната година да нема приватни специјализации, бидејќи ние сме единствена држава со приватни специјализации. Во меѓувреме имаме огромен кадровски дефицит. Можеме да ја искористиме можноста да имаме вин-вин ситуација, двете страни да бидат задоволни и лекарите да бидат вработени и да добијат решенија,  и државата да покрие некои празнини што ги има во некои болници“, рече Арбен Таравари, министер за здраство.
Таравари вети дека во рок од две недели ќе има нова позитивна листа која, според него, веќе 15 години не е прилагодена на барањата  на пациентите.
“Очекувам да биде назначен директорот на Фондот и во рок од две недели, за прв пат по 15 години ќе имаме нова позитивна листа која ќе се прилагодува од време на време. Сметам дека оваа листа треба да  се обновува секоја година, но исто така ќе излеземе со нов закон за лекови кој ќе гарантира дека имаме безбедни лекови во земјата и во исто време ќе бараме опис и рационална употреба на лекови“, додаде тој.
Таравари најави дека ќе бидат објавени телефонски броеви, каде граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми во јавното и приватното здравство. Според него, ќе се зајакнат контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Тој најави и парични казни во секундарното здравство- рече дека доколку болниците од другите градови имаат соодветна опрема а испраќаат пациенти во Скопје, болницата ќе плати казни./Алсат.мк
Мелихате Рустеми
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button