ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: „ВМРО не нè сака“, ВМРО: „Таравари е градоначалник поради нас“

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, се чини дека се води по формулата со една нога внатре, со другата надвор. Според него, ВМРО-ДПМНЕ смета дека барањето за Влада без Албанци е помалку важно. Тој вели дека процесот на ЕУ интеграција е важен за него, но истовремено вели дека неговата партија ќе се прилагоди во зависност од околностите.

Advertisements

„Во врска со условот на ВМРО-ДПМНЕ за излегување на албанските партии од Владата, сакам да потенцирам дека сме заинтересирани за завршување на европскиот процес и перспективата на граѓаните, а не за изборните калкулации. Алијанса за Албанците одлучи да влезе во Владата заради процесот, но ќе се прилагоди во зависност од новите околности, дали во Владата или надвор од неа“, вели Таравари.

Можеби свесен за оваа изјава, Таравари потсетува дека Влада без Албанци е загрижувачки факт.

„Во Македонија никогаш немало Влада без Албанци и повторно не може да има Влада без Албанци. Ова беше грижа не на Арбен Таравари, не на еден Албанец, туку и на еден Македонец“, додава Таравари.

Во услови на жртвување и солидарност со ДУИ, Таравари вели дека неговата партија ВМРО не ја поаскува. Барем така слушнал.

„Јавно засега никој не побарал. Но, слушаме од различни колуари дека Алијанса за Албанците ѝ пречи на ВМРО-ДПМНЕ. Не велам со сигурност дека е така“, рече Таравари.

Но, ВМРО-ДПМНЕ го потсети Таравари на една работа.

„Таравари двапати беше избран за градоначалник на Гостивар благодарение на поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. Тој сега мора да покаже на која партија е претседател: На Алијанса споена со ДУИ или на Алијанса поддржана од ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар“, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Говорејќи за укинувањето на терминот „20%“ од Уставот, Таравари рече дека иако Алијанса безусловно го поддржува процесот на евроинтеграција, сепак со сите сили ќе се залага овој термин да се замени со зборовите „албански јазик“.Во врска со барањето на опозицијата за уставни измени со одложено дејство, Таравари рече дека тоа е спротивно со усвоената преговарачка рамка со ЕУ.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button