
Во земјава моментално се лекуваат 20 пациенти, а надвор 80, информираше денеска инистерот за здравство, Арбен Таравари. Како што кажа тој, денеска се очекува враќање на двајца пациенти во земјава, а до крај на неделава има најави за враќање на повеќе пациенти.
„Од 193 пациенти, ни остануваат вкупно 100 коишто се лекуваат, од кои за среќа само 3 се критични“, рече Таравари, додавајќи дека нивната состојба е и натаму променлива.