ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари во Липково без Фетаи, но во придружба на Ријад Шаќири

Еден ден по одлуката за напуштање на владата, Арбен Таравари и неговите лојални функционери отидоа во Липково на средба со партиските структури. Сепак, она што привлече внимание беше отсуството на Арбен Фетаи, висок партиски функционер кој доаѓа од овој регион и кој има највисока позиција во извршната власт, таа на вицепремиер.

Advertisements

Неофицијално, отсуството се должи на несогласувањата околу напуштањето на владата и можната соработка со ДУИ. Сепак, отсуството на Фетаи се чини дека беше покриено од локалниот пратеник Ријад Шаќири, кој се погрижи да се слика со сите учесници на средбата. Шаќири, стои до Таравари и покрај обвинувањата и фактите за контактите на неговиот лидер со неговиот заколнат ривал Али Ахмети, за кого имаше остри критики во изминатиот период. Пред само две недели, во Слупчане, беше забележано ракувањето на Ахмети-Таравари, откако Алијанса ја напушти коалицијата. Со Таравари, и тој ден го немаше Фетаи, но таму беше пратеникот Шаќири, за кого Ахмети првично заборави да се ракува.

Пратеникот Шаќири беше гласен и остар кон на Ахмети, особено за прашањето за ОНА, а јавноста не може да го заборави судирот со Талат Џафери од говорницата во Собранието.

„Имавме многу прелиминарни процеси, за кои на г. Ахмети гласот не му се слушаше. Што се однесува до тоа што рековте дека треба да му се измијат нозете и да се пие водата на господинот Ахмети, сакам да ве потсетам дека во нашите редови има неколку оџи кои не дај Боже ако го измијат господинот Ахмети, тој никогаш нема да се врати“, рече Шаќири.

Шаќири пак го актуелизираше прашањето за статусот на поранешните војници на ОНА откако СДСМ повторно ја отвори темата за бранителите. Шаќири најави дека работи на законско решение, кое никогаш не излезе во јавност.

„Го имам нацрт-законот, ја подготвив верзијата на законот за поранешните војници на ОНА заедно со некои колеги“, додава Шаќири.

Шаќири, во јавните настапи, го оправда и одложувањето на законот за правична застапеност, кој ќе мора да го замени балансерот укинат од Уставниот суд.

-Велите дека беа потребни 23 години, но уште колку време треба да помине за овој закон да биде поднесен?

„Да чекавме 23 години, верувам 3 месеци, 2 месеци не е долго време?

-Да не се случи подолго, и да не го видиме никогаш?

„Не верувам, бидејќи ние од Куманово сме од збор, и секогаш сме стоеле зад тоа што сме го кажале“, рече Шаќири.

Додека Европскиот фронт протестираше со шатори пред Уставниот суд поради случајот за Законот за употреба на јазиците, Шаќири од плоштадот Скендербег уште еднаш иронизираше дека нивниот протест е за заштита на криминалот.

„Оние кои се кријат во шатори, и се штитат од дождот. Ниту дождот, ниту сенката на шаторите нема да го покријат срамот од нивните дела. Нивниот глас нема никаква врска со албанскиот јазик или Албанците или било што друго. Значи, нивната бучава не е за државата, туку за власт“, рече Шаќири.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button