ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: „Во моментов немаме понуда за влез во Владата“

Таравари: „Во моментов немаме понуда за влез во Владата“

Арбен Таравари ќе ја води Алијанса за Албанците во следните четири години. На третиот вонреден конгрес на партијата тој денеска беше избран за нејзин прв човек како единствен кандидат. Рече дека негова мисија е промена на албанската политичка сцена, а по конгресот соопшти дека во моментов немаат конкретна понуда за да влезат во Владата.

Advertisements

„Најискрено да ви кажам, во моментов немаме некоја конкретна понуда. Ако имаме, ќе треба да разговараме во партиските органи. Не треба да се однесувам како човек кој сам одлучува. Затоа инсистирав и понатаму инсистирам што поскоро да го избереме партиското претседателство со единствена цел да ја дисперзираме и одговорноста. Јас реков дека дури и ако донесеме таква одлука, ќе барам да се организира внатрепартиски референдум за понудата што би ја добиле, доколку ја добиеме“, рече Арбен Таравари, Претседател на Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button