ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Таравари за случајот со починатото бебе: Докторите направиле превид, директорите да преземат мерки

Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“ да преземат мерки за докторите што направиле превид, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Advertisements

Одговарајќи на новинарско прашање за смртта на 14-месечното бебе кое почина на Детската клиника од бронхопневмонија, Тараври повика на трпеливост.

„Верувам дека двајцата директори ќе преземат мерки, а какви ќе бидат, не сакам да предрасудувам, сепак очекувам од нив да има некаква одговорност“, изјави Министерот.

Како што рече, тој не е судија и според неговите ингеренции како министер ангажирал компетентна комисија, а извештајот е испратен до клиниките и се чека на директорите да постапат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button