ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Таравари за средбата со Мицкоски: Ќе разјасниме некои работи за кои мислам дека не му се јасни

Шефот на Алијансата за Албанците денес изјави дека средбата со Мицкоски е во контекст на континуирана комуникација и дека не очекува ништо посебно од оваа средба, пишува Алсат.
„Денеска имаме средба со Мицкоски, ништо посебно, имаме постојана комуникација, така што не очекувам ништо посебно, ги кажавме нашите ставови, ние сме автономна партија, носиме свои одлуки, ќе разјасниме некои работи за кои мислам дека не му се јасни. Алијансата за Албанците дефинитивно ќе излезе со посебни листи за советници, додека за кандидати за градоначалници, најверојатно ќе има свои кандидати“, изјави Таравари.