ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
„Таргет-Тврдина“ – Мијалков можел од канцеларијата да следи прислушувани разговори

Обвинителите во случајот „Таргет-Тврдина“, и во завршниот збор останаа на тврдењето дека тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од својата канцеларија директно можел да слуша разговори кои нелегално биле прислушувани, односно без судски налог.
-Постоеле кориснички имиња со кои можеле директно од канцелариите да слушаат разговори. Г.Г. било корисничко име за Горан Грујевски, Н.Н. за обвинетата началничка Надица Николиќ, а имало и корисничко име „директор“, а тогашен директор на управата е Сашо Мијалков, појаснија обвинителите.
Завршниот збор е во тек.