Таткото на Вања тврди дека нема апсолутно никаква инволвираност во случајот

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
На почетокотот Ѓорчевски, прашан од неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ, „дали денеска се чувствува подготвен и согласен да даде исказ пред судот“, рече дека „чувствува обврска, пред се заради Вања“.
-Психички не сум сигурен колку сум подготвен, но чувствувам обврска и сакам да дадам исказ. На почетокот на судењето кажав дека ќе дадам од неколку главни причини, пред сѐ заради Вања, поради тоа што во текот на истрагата и тука во судницата, беа изнесени ноторни невистини во врска со нејзе ѝ сакам да ѝ порачам дека тато е истиот тој човек кој што последен пат го виде викендот пред 4 декември и оттогаш навака претставуван сум во екстремно спротивно светло од она што сум. Решив да ги поттиснам емоциите за да можам да го дадам овој исказ, да соберам сила, храброст и поради сите оние кои што ме познаваат и страдаат заедно со мене, но и поради сите оние кои што не ме познаваат, да ја кажам мојата страна на вистината, мојата приказна, дека немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе од чии искази во текот на постапката приметивме дека не чувствуваат ниту вина, ниту покајание. Приметив дека демонстрираат гнев и разочарување од т.н. „Цар“, изјави Ѓорчевски.
Ѓорчевски, рече дека „за себе смета дека дал голем придонес во истрагата“ и дека „ако не беа фатени, ако не беа сопрени, не приметив дека кај нив има вина и покајание и дека ќе престанеле со планираните дејствија“.