ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело, односно загрозување на безбедноста во сообраќајот

Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело, односно загрозување на безбедноста во сообраќајот

Таткото на Васил Јованов, кој смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова, Зоран Јованов, ќе биде суден за поблаго кривично дело, откако обвинителството денеска направи преквалификација на диспозитивот на обвинението во судскиот процес против него. Зоран Јованов воопшто не се појави во судницата, па судењето набргу се одложи, но пред тоа, обвинителот Александар Марковски објаснуваше зошто наместо за „предизвикување општа опасност’“, на Јованов ќе му се суди за „загрозување на безбедноста во сообраќајот“.

Advertisements

“Со оглед на тоа што како пост фестум се појавија и други докази, неминовно беше новата фактичка состојба да се сублимира под поинаква правна квалификација. Станува збор за нијанса поблаго кривично дело, но истото беше неминовно поради начелото на специјалитет”, рече Александар Марковски, јавен обвинител.

Обвинителот Марковски рече дека во оваа фаза нема да објаснува кои се доказите што довеле до преквалификација на делото, па засега останува нејасно зошто Зоран Јованов ќе се гони за „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, бидејќи првично тој беше обвинет за тоа што на својот син му дозволил да управува со возилото иако знаел дека тој нема дозвола. Пред обвинителството да направи преквалификација, Зоран Јованов се соочуваше со парична казна до максимална затворска санкција од три години, додека сега, минималната казна за ова дело е исто така парична, но затворската е максимум една година. Таткото на загинатата Кулакова по денешното рочиште обвини за правен инженеринг и изрази сомневање во тоа што иста судијка ги води двата предмета. Во таа насока тој најави и кривични пријави.

„Прво сите да се прашаме – како е возможно една иста судијка да го суди и Васо и татко му? Јас сум лично убеден дека се работи за манипулација со АКМИС системот и нема да го дозволиме тоа, ќе бараме Комисија да се состави, да го истражи тоа, и ќе поднесеме кривична пријава против сите вклучени во ова„, рече Тодор Кулаков, татко на прегазената Фросина Кулакова.

Ниту Зоран Јованов ниту неговиот адвокат Сашо Дуковски не се појавија во судница, па судијката Снежана Марковска го одложи судењето за 3. Септември. Марковска објасни дека поканата до Јованов била испратена, но судот нема доказ дека тој ја примил, односно Јованов не бил пронајден на адресата пријавена во судот. Неговиот син, Васил Јованов, беше осуден токму од страна на Марковска на 20-годишна затворска казна откако без возачка дозвола, на црвено светло, под дејство на алкохол и на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова на 29 јануари на Булеварот Партизански Одреди во Скопје./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button