ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тавараи потврдува дека има злоупотреби од поранешните раководители на здравствени установи

Тавараи потврдува дека има злоупотреби од поранешните раководители на здравствени установи

Министерот за здравство Арбен Таравари тврди дека имало злоупотреби во јавните здравствени установи. Не наведувајќи подетални детали за тоа кој е инволвиран во овие злоупотреби, Таравари рече дека ревизијата е во процедура и по нејзиното завршување, наодите ќе бидат доставени до обвинителството.

Advertisements

„Не би сакал да шпекулирам додека не ги завршиме ревизиите до крај. Точно е дека имало злоупотреби во некои здравствени установи. Но, ве молам, заради коректност, ќе почекав да заврши ревизијата и потоа ќе излезев со материјали кои ќе бидат конкретни и кои ќе бидат испратени, доколку има аргументи и факти до обвинителството“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Што се однесува до реакциите за вработувањата по етничка основа, Таравари повтори дека отсега вработувањето ќе се врши по меритократија.

„Ако сме многу посреќни што се вработени исто толку Албанци и јас сум горд на тоа и ќе се обидам да влезат повеќе Албанци, но меритократијата е многу важна особено во институциите, особено во здравството. Не се ни дискутира дека нашите тенденции ќе бидат што повеќе Албанци да има во сите јавни здравствени установи и да сме повикани на работа на меритократија, човек кој ги исполнува условите“, додаде тој.

Инаку, во последните неколку дена владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека во здравствените установи во земјава, директорите на поранешната власт СДСМ и ДУИ извршиле набавки на лекови кои не биле на списокот дефиниран од Фондот за здравство. Обвиненија имаше и за поранешен менаџер кој потрошил 500.000 денари за патување, а економски директор незаконски се издигнал на функцијата./Алсат.мк

Линда Ебиби

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button