ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Теарца и нејзините села немаат канализација

Теарца и нејзините села немаат канализација

Девет села блиску до општина Теарца и четири планински села се без ниту еден метар канализација. Со години жителите бараат решение за овој проблем, но поради високата цена општината не може и нема да може да го реши овој проблем без интервенција на Владата. Жителите го решаваат проблемот кој како што може. Често прават јами во нивните дворови за канализација.

Advertisements

Жителите се плашат од ризик од болести зашто отпадните води се собираат во нивните дворови. Канализацијата стигнува и до водата што се користи за наводнување на посевите на полињата.

„Сè уште немаме канализација, се давиме во јами. За здравјето тоа е голем ризик бидејќи водата не е за пиење, не е за наводнување на нивите“, рече еден жител.

„Јамите се опасност за населението затоа што општините Теарце и Јегуновце се трета заштитна зона на водата за пиење за Рашче, а овие јамски води се спуштаат и ја оштетуваат водата за половина милион жители, затоа овој дел мора да има приоритет за да се постави канализација. Обично јамите се полнат, ги чистат и ги пуштаат. Ги загадуваат земјоделските површини“, изјави еден друг жител.

Од општина Теарце велат дека има проект, и се очекува почеток на реализација, но само за селото Теарце, додека останатите 12 ќе треба да чекаат подобри времиња.

„За жал, во ниту една од населените места на општина Теарца, каде што гравитираат девет села надолу и четири висински села, во ниту една од нив реално не се реализираат проекти за канализација. Доцнењата се поврзани со констатирање на некои пропусти при проектирањето, но и поради финансиската тежина што ја носат самите проекти, чекаме да најдеме можност за нивна реализација“, рече Нухи Незири Градоначалник на Теарце.

Во Полог повеќето села се без фекална канализација, или имаат канализација, но таа не е функционална поради немање колектор кој би ја филтрирал канализацијата./Alsat.mk

Башким Сулејмани

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button