ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Теарце: Неисчистените канали, ги поплавија домовите

Теарце: Неисчистените канали, ги поплавија домовите

Десетици домови во Теарце и Непроштено, претрпеа големи штети како резултат на поројниот дожд. Патиштата сè уште не се исчистени, а некои локални патишта остануваат блокирани. Жителите велат дека за неколку минути дождот навлегол во подрумите на нивните домови, предизвикувајќи материјална штета.

Advertisements

„Целиот ѕид беше срушен од вода, 25 метри ѕид, имавме и мала куќичка со фрижидер, машина за дрва. Внатре не, но ѕидот и куќиштето да. Низ прозорецот влезе вода! “.

„ Вратата беше затворена, не знам од каде дојде водата, бев горе. Кога слегов долу, беше полно со вода, и надвор и внатре. Го исчистивме со кофи, не знам колку кофи извадив. Штетата не знам колку ќе биде, подот може да се подигне, штетата не се покажува веднаш.

“Имаше голема поплава синоќа, водата влезе низ вратата, и низ каналот. Се затна каналот, сето тука се наполни. Во подрумот на двете куќи, на брат ми и мојата, како што можете да видите, има многу штета. Не знам, ама од 300 до 500 евра штета има. Бев дома, и го видов ова самиот. Проблемот е што тука каналот е длабок, но полн со ѓубре, не го исчистиле и се прелеал“, изјави Ќамил Ќамили, жител на село Теарце.

Градоначалникот на Теарце, вели дека надлежните екипи во секоја куќа ги собрале податоците за претрпените штети, за да бидат санирани и надоместени од општината.

“Сега дојдоа сите тимови излегоа на терен, и ќе ги посетат едно по едно секое семејство и објект кое претрпело штета, да ја проценат штетата директно, и ќе се ажурираат сите штети директно од теренот”, нагласи Нухи Незири, градоначалник на Општина Теарце.
Жителите ја повикуваат општината да преземе мерки за чистење на каналите за да не се повтори ситуацијата.

Вјолца Ахмеди

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button