ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Течат роковите за приговори за изборите во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово

Течат роковите за поднесување на приговори за изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови во Советот на Општина Тетово.

Доколку има поднесено приговори, Државната изборна комисија (ДИК) би ги разгледала во вторник или среда, а објавувањето на конечните резултати ќе зависи од тоа како ќе се решат и дали ќе има тужби до Управниот суд.

Доцна вечерта по изборите во саботата, Државната изборна комисија ги соопшти првичните резултати, според кои, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3 340 гласачи од вкупно 3 395 гласачи. Во Маврово-Ростуше, пак, кандидатот на СДСМ, Медат Кутровски, освоил 3 266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1 935 гласови.
Во Советот на Општина Тетово, според првичните резултати кои ги објави ДИК, најмногу мандати има освоено БЕСА, вкупно 12, по што следуваат ДУИ со 11 мандати, ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и СДСМ со два мандата. По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива и ДПА.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button