ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела

Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием, информираат од АД Електрани на Северна Македонија.

Advertisements

Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва.

ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на „ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените се одржува во состојба на готовност.

-ТЕЦ Неготино сега се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите, стои во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button