Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт вчеравечер триумфираше на доделувањето на Европските „Ем-ти-ви“ музички награди во Манчестер, В. Британија, со четири добиени одличја.
Пејачката која се движи кон средината на четвртото десетлетие од својот живот, не беше присутна на доделувањето. Таа ги доби признанијата во битните категории – „уметник на годината“, „најдобар акт во живо“ и „најдобро видео“ за песната „Fortnight“. Таа, исто така, победи и во категоријата за најдобар американски уметник.
Во однапред снимена порака, Свифт се извини што не можела да присуствува на доделувањето.