Тешко проодни патиштата кон планинските села на Шара

Дебелината на снегот во градот Тетово достигна речиси 20 сантиметри, исчистени се главните сообраќајници во градот, но не и споредните како и тротоарите, со што се предизвикани проблеми и тешкотии во движењето на граѓаните.
Половично исчистен е и дел од патот до Попова Шапка како и патот до поодалечените планински села.
За разлика од Тетово, патиштата во Шара, поточно во планинските села се чисти, но тешко проодни.
Жителите велат дека за да се стигне до последното село во планината, мора да имаш зимски гуми и ланци.
„Многу е тешко да се премине, многу е тешко. Можеби ќе донесат друг багер, затоа што тој што почнал со чистење не може да излезе нагоре. Фрла и сол, но не може да оди до горе“…
„Исчистено е до Бродец и е оставено накај Вешала, јас сум од Вешала. Не се оди, не знам дали ќе можеме да се вратиме назад“, велат жителите.
Од ЈКП „Тетово“иако, вчера советот на општината не ја одобри одлуката за менаџирање со патиштата во текот на зимската сезона, велат дека уште од утринските часови се на терен. Одлуката не помина на советот поради немање детално објаснување од компанијата, како и со какви капацитети ќе ги одржува патиштата во Тетово.
Башким Сулејмани