СПОРТ

Тексас Ренџерс, првпат во историјата станаа шампиони

Првпат во клупската историја Тексас ренџерс ја освоија популарно наречената „светска серија“ МЛБ – лигата во бејзбол.

Advertisements

Во финалето, Ренџерите славеа над Аризона Дајмондбекс со 5-0, меѓутоа мечот беше напнат и неизвесен. Почетните 0-0 не се променија сѐ до седмиот ининг, кога Кори Сигер реализира поен за 1-0. Кога веќе го скршија противникот, во последниот деветти ининг го кренаа водството до убедлива победа.

Сигер беше прогласен за МВП на финалниот меч, што е негово второ вакво признание, по 2020 година, кога ги одведе Лос Анџечес доџерс до пехарот. Ова е прва титула за Тексас ренџерс, иако досега играше финалиња и во 2010 и во 2011 година. Аризона, од друга страна остана на единствениот трофеј, од 2001 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button