МАКЕДОНИЈА

Тело на мртов маж најдено под Железниот мост во Велес

Човечки труп на 34-годишен маж денеска е најден под Железниот мост во населбата Дворови во Велес, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.

Полициски екипи извршиле увид на местото, а била повикана и Итна медицинска помош.

Според првичните информации од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес, на местото на настанот била јавната обвинителка Анастасија Миланова. На телото на пронајдениот мртов 34-годишен маж, како што соопштуваат од ОЈО Велес, немало траги на насилство.

„Станува збор за велешанец роден 1990 година, а неговото тело лежело на земјена површина под мостот на скоро средина од должината на железната конструкција. Во првичните информации можам само да соопштам дека на телото на 34-годишниот маж нема траги на насилство ниту убодни рани“, вели Цветанка Богоевска, основен јавен обвинител за подрачјето на Велес во изјава за МИА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button