ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Телото на извлечената жена од Вардар е на исчезнатата Лидија Трајковска од Јурумлери

Телото на жената коешто минатата недела беше извлечено од водите на Вардар кај селото Таор, Зелениково, е на исчезнатата 43-годишна Лидија Трајковска, потврдија за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи.
Трајковска беше пријавена за исчезната на 8 ноември лани, а последен пат беше видена на автобуска станица во скопското село Јурумлери.
При првичната полициска потрага беше утврдено движењето на жената. Таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево, а на тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот биле најдени кутија од цигари, запалка и џемпер. Сопругот на Трајковска потврдил дека цигарите и запалката биле нејзини.