Темата ветинг ги судри пратениците од власта и опозицијата

На седницата за пратенички прашања, пратеничката на Европскиот фронт, Рина Ајдари истакна дека недостатокот на волја за ветинг покажува дека борбата против криминалот и корупцијата останува само политички слоган. Неподготвеноста да се спроведе ветингот според Ајдари е показател дека партиите се плашат од транспарентност и отчетност.
„Можете ли да ни објасните зошто до денес не постои заедничка иницијатива за сеопфатен процес на ветинг за сите политичари од последните 30 години. Зошто Министерството за правда не презеде конкретни чекори за поддршка на таков неопходен процес, особено кога ДУИ предложи меѓународно мониториран ветинг кој ќе гарантира целосна транспарентност и објективна ревизија на сите високи функционери ”, рече Ајдари.
Ова го изјави заменик министерот за правда, Ален Деребан. Според него, лицемерие е кога ДУИ бара и зборува за правда. Како што рече, обвинителството и судството, особено во последните седум години, се под влијание на ДУИ. Министерството за правда подготвува нов закон за спречување на корупцијата и нов кривичен законик, рече Деребан.
Пратеничката Славјанка Петровска, на почетокот на седницата го праша министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дали го користи неговиот татко Звонко Муцунски како советник во министерството. На ова, министерот Муцунски одговори дека неговиот татко е дипломат од 1998 година и добил статус на дипломат во 2016 година од тогашниот министер Никола Попоски. Ако има судир на интереси, тогаш за тоа треба да се прашаат поранешните министри Попоски и Срѓан Керим.
Зекирија Хаџиу