
Драстичните температурни флуктуации во оваа есенска сезона предизвикаа здравствени проблеми кај граѓаните, особено кај постарите, хронични болните и децата. Ѓорѓи Караманов, доктор во поликлиниката Букурешт, вели дека граѓаните треба да избегнуваат движење низ градот на многу ниски температури.
И децата се изложени на почести настинки во овој период.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека во наредните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. До вторник ќе биде значително потопло, а во утринските часови ќе има услови за појава на магла.
Еви Шкопи