СПОРТФУДБАЛ

Тен Хаг заминува од Ман. Јунајтед, „Ѓаволите“ бират меѓу тројца кандидати

Спортски новинар, Џанлука Ди Марѕио, пишува дека Ерик Тен Хаг дефинитивно заминува од Манчестер Јунајтед и наскоро ќе добие отказ од управата.

Дури и ако го освои ФА-Купот, холандскиот стратег нема доволно адути и „џокери“ поради очајната сезона во Премиер лигата и Лигата на Шампионите, а новото тренерско има на „ѓаволите“ најверојатно ќе се бира од тројца кандидати.  Англиските медиуми веќе пишуваа дека Јунајтед сака да го врати кај себе Киран МекКена, кој во моментов е тренер на Ипсвич Таун, но во игра за празното тренерско место се и Роберто Де Зерби и Маурицио Почетино.

Првиот имаше успешна етапа во Брајтон и важи за еден од најперспективните тренери во светот, додека Почетино пред само неколку дена го напушти Челзи, но има многу големо резиме зад себе и огромно искуство во Премиер лигата.

Се чини дека управата најмногу го фаворизира МекКена, но не е познато дали тој лесно ќе се откаже од Ипсвич, кого успеа да го внесе во елитата со феноменалните игри во Чемпионшип. Сепак, Јунајтед е огромен залак и младиот стратег би можел сериозно да размисли за оваа понуда, а не е исклучена и можноста за доаѓање на Де Зерби или Почетино.

Едно е јасно, а тоа е дека навивачите сакаат коренити промени во тимот, нешто што веќе беше најавено од новиот ко-сопственик на клубот, Сер Џим Ратклиф. Покрај Тен Хаг, се очекува од Јунајтед да заминат и десетина фудбалери од актуелниот играчки кадар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button