ЕКОНОМИЈА
Тендер за интервентен увоз на јаглен

Интервентниот увоз на јаглен не се коси со партиската програма на ДУИ која сега се претставува како зелена партија, тврди Крешник Бектеши. По избивањето на кризата со струја, власта реши да распише меѓународен тендер за набавка на речиси два милиони тони јаглен. Оваа суровина Европската унија не ја препорачува за производство на струја затоа што ја загадува животната средина.
„Што се однесува до нашата агенда, ние целосно стоиме зад таа агенда како политичка партија и ако го следите нашето присуство во одредени проекти и тоа што промовираме како ДУИ, значи промовираме нови фотоволтаични централи, нови канализации и водоводи“, изјави Крешник Бектеши министер за економија.