ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Тендерите“ на екс-министерката Канческа-Милевска никако да завршат

Пет години од како згаснатото СЈО ја отвори истрагата „Тендери“ и по три години откако почна да се суди, случајот е без судска разрешница. Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска реагираше и посочи дека процесот во кој е обвинета поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска, дури пет пати почнува од почеток.

На 13 – ти март 2018 – та година започна да се суди овој случај и беа дадени воведни говори. Но, на 29 – ти октомври истата година судењето почна одново оти поминаа три месеци без да се закаже рочиште.

По една година судење, изведување докази, сослушување сведоци, на 16 – ти октомври 2019 – та година, судењето повторно почнува од ново, повторно поради истек на 90 дена без да има рочиште. Но, по само по четири месеци судење, на 24 – ти февруари 2020 – та година, постапката повторно почна одново поради промена на судија поротник.

И по судење повеќе од една година, на седми мај годинава постапката повторно почна од почеток. Причината беше иста – 90 дена не беше закажано судење.

Последно, „Тендери“ почна пак одново на седми месецов. Причина за нов старт е промена на судија поротник.

Првообвинета во овој случај е Елизабета Канческа – Милевска која беше министерка за култура во владата на Никола Груевски. Обвинението за „Тендери“ се однесува за изградбата на музејот на ВМРО – дел од проектот „Скопје 2014“. Според обвинението, направени биле злоупотреби при тендерската постапка. За овој објект беа потрошени над 16 милиони евра народни пари.

Инаку Елизабета Канческа – Милевска беше дел од осумте пратенци на ВМРО – ДПМНЕ кои гласаа за промена на Уставот и за промена на името на државава преку Договорот од Преспа. Канческа – Милевска во неколку наврати негираше дека ги поддржала уставните измени за да се пазари со власта за да добие олеснително околност во судскиот процес кој се води против неа.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button