Тендерот за Чебрен и официјално прогласен за пропаднат
Тендерот за Чебрен и официјално прогласен за пропаднат

Тендерот за изградба на хидроенергетскиот систем Чебрен пропадна по 14-тти пат. Министерката за екологија Маја Шукова денеска соопшти дека до 31 декември не била донесена одлука за продолжување на договорот за Чебрен. Грчката компанија Архиродон не обезбедила пари од банките за изградба на хидроцентралата и нема да ѝ се активира банкарската гаранција од 1,4 милиони евра. Шукова рече дека сега останува на енергетските експерти да проценат како треба понатаму да се развива овој процес.
Во септември 2023 година, грчката компанија Архиродон беше избрана за најповолен понудувач на 14-тиот тендер за изградба на Чебрен. Првично се очекуваше одлуката да биде донесена до 14 декември, но Министерството за екологија го одложи рокот до 31 декември поради жалбена постапка.
Ако се реализираш, инвестицијата се планираше да чини околу една милијарда евра. Требаше да се изгради реверзибилна хидроцентрала со инсталирана моќност од најмалку 333 мегавати и ново вештачко езеро на Црна Река./Alsat.mk
Мелихате Рустеми