СВЕТ

Тензични случувања во Сирија во последните 24 часа по заминувањето на претседателот Башар Ал Асад

Тензични случувања во Сирија во последните 24 часа по заминувањето на претседателот Башар Ал Асад

Светските лидери повикуваат на зачувување на редот, законот и јавните институции во Сирија, по заминувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад и по изјавите на бунтовниците на ХТС дека „Дамаск сега е ослободен од Асад“. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп напиша дека „Асад ја напушти земјата“. Неговиот заштитник, Русија, повеќе не беше заинтересирана да го заштити“. Во меѓувреме, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, напиша дека крајот на диктатурата на Асад е позитивен развој, тоа го покажува и слабеењето на поддржувачите на Асад, Русија и Иран. Дури и претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека „варварската држава“ на Асад конечно падна. Семејството на претседателот Асад владее со оваа земја со железна тупаница повеќе од 50 години. Еден од командантите на бунтовниците рече дека Сирија е за сите секти.

„Им испраќаме порака до сите секти во Сирија. Им порачуваме дека Сирија е за сите, без исклучок. Сирија е за Друзите, Сунитите, Алавитите и сите секти. Нема да се занимаваме со народот. како што правеше семејството Асад“, рече Анас Салхади, комадант на бунтовниците.

Во услови на многу конфликти и прослави на Сиријците за смена на Асад, соседите на Сирија презедоа и вонредни мерки, затворајќи ги копнените граници и распоредувајќи војници за заштита на границите. Во меѓувреме, сирискиот премиер рече дека Владата е „подготвена да соработува со секое раководство избрано од народот“. Ненадејната офанзива беше започната на 27 ноември од страна на бунтовничката група ХТС, исламистичка група прогласена за терористичка група од САД, Велика Британија, Канада и Европската унија. Оваа група бара формирање на држава во Сирија управувана по исламскиот закон./Алсат.мк

Џесика Салахи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button