ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тензично на „Монструм“, назначени адвокати по службена должност, процесот не се враќа од почеток!

Тензична и напната атмосфера на Монструм. Насер Рауфи и уште двајца адвокати без одобрение на судот го напуштија судењето. Причина беше одлуката на обвинетиот Хаки Азири да му се одреди бранител по службена должност, оти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ е болен од корона. На ова се спротистави Насер Рауфи во знак на протест излезе од судењето. На судијата му порача дека ќе го пријави во Судскиот совет. Но, иако адвокатите излегоа, судот експресно ангажираше бранители по службена должност и така се запази денеска да има формално рочиште. Обвинетите протестираа на одлуката на судот.

Advertisements

„Може да ме стрелате, може да ме бесите но, јас не сакам адвокат по службена должност. Мене ми е адвокат Асмир Алиспахиќ веќе осум години“, рече обвинетиот Фејзи Азири.

И останатите обвинети, Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ рекоа дека не сакаат адвокати по службена должност. Но, судијата денеска прочита известување од полицијата од вештачење на телефоните на обвинетите и нивните најблиски роднини кои им биле одземени.

Судот денеска инсистираше да има рочиште зашто доколку денеска не се одржеше судење, како и на 15 – ти декември, „Монструм“ ќе требаше да започне одново, оти ќе поминеа 60 дена од последното судење.
Но, со ангажманот на службените адвокати, беа исполнети услови за расправа, а следното рочиште е закажано за 24 декември.

Адвокатот Асмир Алиспахиќ од изолација излегува на 18 – ти декември. Судот извести дека Насер Рауфи и двајцата адвокати кои го напуштија денеска судењето ќе бидат казнети, а висината на казната ќе биде соопштена на крајот од процесот.

Доколку тие не се појават на следното судење, обвинетите ќе ги бранат бранителите поставени по службена должност.

Монструм почна да се суди повторно откако Врховен ја укина првичната пресуда за доживотен затвор за Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири како и Сами Љута. Процесот по новото судење трае повеќе од девет месеци и е при крај.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button