СПОРТФУДБАЛ

Тео Ернандез со објаснување за “игнорирањето” на тренерот Фонсека  

Милан одигра 2-2 на гостувањето кај Лацио во третото коло од Серија А, но една сцена крена голема бура на социјалните мрежи, а во главна улога беа Тео Ернандез и Рафаел Леао.

Advertisements

Ернандез и Леао беа обвинети дека го игнорирале тренерот Пауло Фонсека затоа што не биле задоволни од тактиката, меѓутоа дефанзивецот реши да даде објаснување.

„На теренот бевме едвај две минути, немавме потреба од пауза да се освежиме. Немаме ништо против тренерот и тимот. Луѓето секогаш зборуваат, но многу често се покажува дека лажат“, кажа Ернандез.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button