ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Теренска вакцинација во трговски центри во Скопје

Сончево време, идеално за многу граѓани да се прошетаат во природа. Некои од нив избраа да ги посетат трговските центри. Но, малкумина беа оние кои отидоа на пунктот за вакцинација.

Advertisements

„Со владина одлука потврдите за вакцинација повеќе не се потребни во затворените трговски центри. Овде во најголемиот трговски центар во Скопје, како што можете да видите, граѓаните доаѓаат и одат да пазаруваат, но интересот е мал за имунизација..

Волонтерскиот персонал да дели торби со дезинфициенти и брошури на влезот. Некои велат дека има контрадикторности и во самите антиковид мерки.

Караванот за вакцинација секојдневно е на друга локација. Според Министерството за здравство, во текот на оваа недела на мобилните пунктови на секоја локација се вакцинирани десетици граѓани. Во недела мобилната амбулната за имунизација ќе бидат на кумановскиот плоштад.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button