СПОРТФУДБАЛ

Terziç: Во еден натпревар, можеме да го победиме секој противник

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на Вембли. Един Терзиќ, тренерот на клубот од Дортмунд кој го освои петтото место во Бундес Лигата, верува дека можат да го победат Реал.

Advertisements

„Ќе се соочиме со исклучително силен тим кој често игра вакви финалиња, но знаеме дека се е можно во еден натпревар. Да играме десет пати со Реал Мадрид, веројатно ќе беше тешко да дојдеме до вкупна победа, но на еден натпревар, во текот на 90 или 120 минути или пенали, можеме да го победиме секој противник во светот“, изјави Терзиќ за интернет страницата на УЕФА.

Реал е фаворит во Лондон, во сабота ќе го игра шесто финале во Лигата на шампионите во последните десет години. Терзиќ, кој го води жолто-црниот тим од летото 2022 година, повтори дека сезонава веќе успеале да ги победат Њукасл, Милан, ПСВ, Атлетико Мадрид и ПСЖ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button