ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа на Партизанска, кола излета поради несоодветна брзина

Тешка несреќа на Партизанска, кола излета поради несоодветна брзина

Тешка несреќа се случи синоќа на булеварот „Партизански одреди“, недалеку од трговскиот центар „Сити Мол“ во Карпош 3. Поради несоодветна брзина, возило марка „Ауди“ заврши во жардинерите, откако претходно удри во дрвата.

Advertisements

Брзата помош веднаш пристигна на местото, но засега нема информации во каква состојба се повредените.

Полицијата е на терен и врши увид, додека многу граѓани се собрани и гледаат во неверување.

„Вакво нешто тука не е видено, ќе не испотепаат пред наша зграда“, велат граѓани за „Локално“, кои се нашле во непосредна близина.

,,Постојано тука возат со ненормални брзини, и мотори и коли, но нема полиција да реагира”, вели друга граѓанка која живее блиску несреќата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button