ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Тешка сообраќајка на крстосницата пред Собрание
Тешка сообраќајка на крстосницата пред Собрание

Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на крстосницата пред македонското собрание. Во моментов на местото на настанот има полиција и екипи на брзата помош.
Сообраќајот се одвива отежнато бидејќи на еден од патниците му се дава прва помош. Причинета е материјална штета на еден автомобил, а откорнат е и семафор за пешаци. Во моментов нема повеќе информации за точниот број на повредени и за нивната состојба.