КОШАРКАСПОРТ

Тесна победа за Лејкерси, нов пораз за Далас и Дончич

Лос Анџелес Лејкерс со 132-131 го доби Тороното во неизвесен меч. Ентони Дејвис постигна 41 поен, имаше и 11 скокови, и беше главниот играч на Лејкерс во победата над Торонто. Двете екипи се менуваа во водство, Лејкерс беше подобар во завршницата и на крајот победи со 132-131. Покрај Дејвис, одличен беше и Леброн Џејмс кој постигна 22 поени, имаше и 12 асистенции. Во тимот на Торонто Барнс даде 26 поени, Сиакам имаше 25.

Добрите изданија на Ирвинг и Дончиќ не помогнаа Далас да дојде до победа против Мемфис. Маверикс го загубија мечот со убедливо 120-103. Најефикасен во составот на Далас беше Ирвинг со 33 поени, Дончиќ постигна 31, но двете ѕвезди немаа поддршка од останатите соиграчи. Најефикасен кај Мемфис беше Бејн со 32 поени.

Резултати:

Детроит – Сакраменто 110-131

Орландо – Минесота 92-113

Њујорк – Портланд 112-84

Далас – Мемфис 103-120

ЛА Лејкерс – Торонто 132-131

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button