ВЕСТИЗАБАВА

Тест: Дали лесно се менувате поради момче?

Пред извесно време запознавте момче кое навистина ви се допаѓа. Како реагирате кога сте со него, а како спрема вашите пријатели….

1. Во врска сте, пријателката неочекувано ве кани на дружба сред недела, вашиот одговор ќе биде:

а) Морам да проверам дали имаме нешто испланирано. Ако мојот сакан нема планови, доаѓам.
б) Звучи супер, морам само да го проверам распоредот.
ц) Договорено.

2. Го прашувате вашето момче дали му се допаѓаат вашите нови фармерки со висок струк, а тој ви признава дека му изгледаат малку чудно. Вие ќе:

а) Ги замените за фармерки со низок струк.
б) Ќе ги задржите, но ќе ги носите само кога нема да бидете со него.
ц) Ќе си ги носите колку што сакате. Кој е тој модна полиција?

3. Почнавте да излегувате со момче кое ви се допаѓа, но забележавте дека има целосно поинакви политички размислувања од вас. Вие ќе:

а) Побарате да ви објасни зошто му се допаѓа таа опција. Веројатно тој знае, нешто со што вие не сте запознаена.
б) Ви се допаѓа што е толку страстен во одбрана на своето мислење.
ц) Ќе направите расправа бидејќи сметате дека неговиот политички избор нема шанси да победи на избори.

4. Ако ги прашаат вашите пријатели, каква сте вие кога сте во врска, тие би кажале:

а) Зарем е жива? Баш сакавме да го пријавиме нејзиното исчезнување.
б) Поврзани се многу, но се уште не откажала ниту една заедничка журка.
ц) Сега има и повеќе време отколку кога е соло.

5. На вашето момче му понудиле одлична нова работа во друг град. Вие ќе:

а) Ќе оставите се и ќе појдете со него.
б) Ќе се одлучите за врска на далечина. Барем некое време и ќе видите каде тоа ќе ве однесе.
ц) Најверојатно ќе ја прекинете врската.

Ако имате најмногу одговори под А:

Попустлива

Сметате дека тој ќе остане со вас само ако сте 24 часа заедно и ако ги откачите сите ваши пријатели. Многу дами се менуваат во врската бидејќи сметаат дека така повеќе ќе му се допаднат на партнерот.
Верувајте, вие сте му се допаднале таква каква што сте и не треба да се менувате во целост. Вашето момче е доволно добро за вас само ако знае да го цени вашето мислење.

Ако имате најмногу одговори под Б:

Кооперативна

Важна ви е вашата врска и затоа ја ставате на прво место. Нема да ги промените своите мислења, но ќе му попуштите во повеќето ситуации.
Вашата врска ќе биде добра кога ќе се најдете на половина пат. Не заборавајте дека сте двајца во врската и дека треба да соработувате, а не да попуштате.

Ако имате најмногу одговори под Ц:

Пркосна

Вие романсата ја доживувате како борба. Но, бидете свесна дека некогаш треба да се воздржите за да не и наштетите на потенцијално добрата врска.
Важно е да се заземете за себе, но успешната врска бара заеднички одлуки.
Верувајте дека ако од време на време попуштите за некои ситници нема да се изгубите себе си.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button