ВЕСТИЗАБАВА

Тест – што кажува за вас сликата која ќе ја одберете

Изберете една од сликите, односно изберете ја онаа која најмногу ќе ви се допадне и дознајте што говори таа за вашата потсвест и личност.

#1 Вие сте безгрижна, разиграна и весела дама. Ја сакате спонтаноста и го живеете животот со мотото “само еднаш се живее“.
Љубопитна сте и отворена кон се што е ново, постојано сте во потрага за промени.
Со вас на луѓето понекогаш не им е лесно бидејќи не можат да се потпрат, но од друга страна сте многу интересни па никогаш не им е здодевно.

#2 Вие сте независна и неконвенционална дама. Имате уметничка душа која се обидувате да ја искажете на работа или во слободното време.
Вашиот нагон за слобода понекогаш ве доведува во ситуација да го направите спротивното од тоа што се очекува.
Стилот на живеење ви е индивидуалистички и никогаш не го следите она што е во тренд, туку настојувате да живеете според сопствените идеи и верувања.

#3 Вие сте многу чувствителна дама. Не ја сакате површноста, па затоа понекогаш преферирате да бидете сама, отколку да водите некој плиток и незначаен разговор.
Во се барате смисла и значење. Односите со вашите пријатели се многу силни, што ви дава внатрешен мир и хармонија.
Не ви пречи да сте сама подолго време и ретко кога ви е здодевно.

#4 Вие сте приземјена и урамнотежена дама. Ја цените природноста и го сакате сето она што е едноставно. Луѓето ве обожаваат, бидејќи стоите цврсто на земја и можат секогаш да се потпрат на вас.
Тоа што е нападно и банално воопшто не го перципирате и скептични сте кон модните трендови во секое поле од животот.
Секогаш изгледате елегантно и ненаметливо.

#5 Вие сте прагматична и самоуверена дама. Ја преземате одговорноста за вашиот живот, и не се потпирате на среќата. Проблемите ги решавате едноставно и практично.
Имате реален поглед на секој аспект од животот. Многу сте одговорна и затоа сите ви веруваат. Не сте задоволни додека не ги извршите сите свои идеи и обврски.

#6 Вие сте мирна, дискретна и неагресивна дама. Без некој напор стекнувате пријатели но во исто време уживате во својата независност.
Сакате да размислувате за смислата на животот. Потребен ви е простор да бидете сама со себе но не сте осамена.
Живеете во мир со себе и останатите и го цените сето она што животот ќе ви го понуди.

#7 Вие сте аналитична дама од збор. Имате истанчен вкус за ова што е квалитет.
Културата има посебна улога во вашиот живот. Имате сопствен стил, кој е елегантен и ексклузивен и никогаш не потпаѓате под модните хирови.
Идеалот на кој се темели вашиот живот е културното задоволство. Па затоа и од луѓето очекувате соодветно ниво на култура.

#8 Вие сте романтична, емотивна дама која сака да фантазира. Тоа значи дека сте многу чувствителна и едноставно не сакате често да гледате на нештата од рационален агол.
Вие сметате дека е важно човек во животот да има соништа. Не сакате да бидете во друштво на луѓе кои ја презираат романтиката.

#9 Вие сте динамична, активна и екстровертна дама. Подготвена сте да прифатите ризик и да се предадете на нешто во замена за интересна и разновидна работа.
Од друга страна рутината ве парализира. Едноставно сакате да имате активна улога во случувањата кои се одвиваат околу вас.
Се надеваме дека овој мини тест можеби ќе ви каже нешто за вас и вашата потсвест за кои не сте знаеле, ако ништо друго сигурно барем ќе се забавувате.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button