
Четириесет и петгодишен маж е на лекување во скопската клиничка болница откако паднал од 8-миот кат од станот во кој живеел со мајка му.
Паднал врз паркиран автомобил, а се здобил со тешки телесни повреди.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека засега не можат да утврдат дали се работи за несреќен случај, обид за убиство или обид за самоубиство.