Тетовчани бараат расветлување на трагедиите со голем број жртви
Тетовчани бараат расветлување на трагедиите со голем број жртви

Ученици, студенти, членови на семејствата на загинатите, но и жители на Тетово го кренаа својот глас против, како што велат, неуспехот на правосудниот систем. Со паролата „луѓето горат – државата се чешла“, демонстрантите маршираа пред тетовскиот суд и обвинителство каде ги истакнаа своите барања.
„Бараме за модуларната болница, обвинителството за криминал и корупција да ја извади од фиока истрагата за причините за пожарот во болницата и да поднесе обвинение против главните виновници во овој случај. Бараме да се формира независен тим кој ќе ги истражи сите оние кои намерно го одолговлекуваа случајот, вклучително и јавните обвинители за повторно судење и да се земат предвид претставките на јавното обвинителство. За Беса Транс, бараме кривичниот суд да изрече повисоки казни за обвинетите и сите службени лица кои дозволиле автобусот со лажна потврда над 20 пати да ја мине границата“, рече Бленди Ходаи, Иницијатива НУЛА.
На протестот се приклучија и членови на семејствата на настраданите во Модуларната болница Беса Транс и Дурмо Турс.
„За жал, од трагедија во трагедија имаме само напредок, бројот на жртви продолжува да расте, се друго е регрес. Непроменет премиере, од месечина изгледа дека го вадите гневот и политичкото его на вашите противници, за да ја тргнете вината од вас и да ја префрлите на нив„, рече Бурим Ислами, член на семејството на жртвите.
„Јавно го прашувам Венко Филипче, колку чини животот на мојот брат и татко ми, јавно го прашувам Кочо Анѓушев, колку милиони чинат 14-те членови на нашето семејство што беа живи запалени, господине Мицкоски, излеговте и кажавте дека ќе го започнете случајот од почеток„, нагласи Ибин Емшиу. Роднина на жртвите.
Организаторите најавуаат дека протестите ќе продолжат и во наредните денови./Алсат.мк
Башким Сулејмани