ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Тетовец останал затрупан во снежни наноси, интервенирала полицијата

Доцна синоќа полициски службеници од СВР Битола преку 192 добиле повик за помош од страна на П.Х.(57) од Тетово. Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и спуштен на безбедно место на главниот пат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button